АМЕРИКАНСКИТЕ ТРУПИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГЕРИЛСКА БОРБА СО ДОМАШЕН НЕПРИЈАТЕЛ Војниците ќе се најдат во средиштето на граѓанската војна со замислен непријател
Според тоа што беше објавено во известувањето до јавноста, војниците ќе треба да го совладаат непријателот во сценариото кое предвидува борба со припадниците на герилските трупи на ослободителното движење „Пајнленд“.
Американската војска издаде предупредување до жителите во повеќе окрузи на Јужна и Северна Каролина, дека од 22 јануари до 4 февруари во континуитет ќе се одржи воена вежба, во која војниците ќе се подготвуваат за пресметка со герилски борци.
Вежбата е дел од програмата „Робин Сејџ“ на војската и е дел од „обуката за неконвенционално војување“. Според тоа што беше објавено во известувањето до јавноста, војниците ќе треба да го совладаат непријателот во сценариото кое предвидува борба со припадниците на герилските трупи на ослободителното движење „Пајнленд“.
Од војската предупредија дека жителите на окрузите во кои ќе се одржуваат вежбите можеби ќе слушнаат истрели од пешадиско и артилериско оружје, уверувајќи ги дека во текот на воените игри исклучиво ќе се користи вежбовна муниција.
Инаку, вкавите соопштенија на војската на САД станаа редовни пред секоја вежба, откако во 2002 година локален шерив усмрти еден, а тешко повреди друг војник помислувајќи дека се двајцата се вооружени разбојници.