ПАРИТЕ ЗА УКРАСУВАЊЕ ПРЕНАМЕНЕТИ ВО ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА Куманово се развива и за време на енергетска криза
Општина Куманово во целиот овој изминат период успеа и покрај тоа што беше тешка социо-економска состојба да излезе од финансиската криза, да се стабилизира и реализира голем број на успешни проекти, посочи градоначалникот.
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, истакна дека средствата кои биле планирани за украсување на градот ќе бидат пренаменети за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели.
– Поради енергетската криза донесовме одлука да не го украсуваме градот, скромно поставивме новогодишна елка на градскиот плоштад, а дополнително упатувам благодарност до советниците коишто во соработка со дел од училиштата чисто симболично украсија дел од градскиот плоштад. Тие средства во 2022 година ќе ги пренамениме за изградба на енергетско ефикасен објект и инсталација на соларни панели на некои од јавните објекти во градот. Во моментов, еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија е градскиот базен, можеби таму ќе ги насочиме средствата и ќе намонтираме соларни панели кои ќе направат дополнителна заштита во потрошувачка на електрична енергија на тој објект и ќе биде современ еколошки енергетско ефикасен објект – рече Димитриевски.
Општина Куманово во целиот овој изминат период успеа и покрај тоа што беше тешка социо-економска состојба да излезе од финансиската криза, да се стабилизира и реализира голем број на успешни проекти, посочи градоначалникот.