КАСАМИ ВРАБОТУВА И КАДАР НА ТЕУТА АРИФИ За 18 нови административци во Тетово е распишан оглас
Градоначалникот Касами постојано се жали дека дека општината е преоптоварена со нефункционални административци.
Општината Тетово објавила оглас за вработување 18 државни административци, главно референти и помлади соработници. Во објавата за огласените нови вработувања се наведува дека тие се активни до 12 јануари 2022 година.
Вработувањата доаѓаат во време кога градоначалник е Билал Касами, но нив ги реализирала поранешната градоначалничка Теута Арифи, со планот за вработување усвоен на 1 септември 2021 година, од страна на претходниот состав на Советот на општината, тврди ТВ Клан М.
Градоначалникот Касами постојано се жали дека дека општината е преоптоварена со нефункционални административци и најавува преиспитување на работните договори за 350 административци, од кои дел не одат на работа.