ЕЛМАС ПОЗИТИВЕН ПО ВТОР ПАТ Остана во Македонија, а го чека меч со Јувентус

Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во клубот Неапол, но поради позитивен ПЦР тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација.

478

Македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас, е неизвесен за настап на дербито против Јувентус, идниот понеделник поради позитивен наод на коронавирус.

Елмас по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во клубот Неапол, но поради позитивен ПЦР тест, што му бил направен во четвртокот вечер, следните денови ќе остане во домашна изолација.






„Елиф Елмас е позитивен на коронавирус на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема симптоми, а ќе остане во изолација во својот дом“, соопштија синоќа од клубот Наполи.

Елмас по втор пат е позитивен на ковид-19, откако беше заразен со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.

Поврзани содржини