СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ УСПЕЕМЕ Новогодишна честитка од Путин за Бајден
Сигурен сум дека ќе успееме да напредуваме од договорите постигнати на самитот во Женева во јуни и дека контактите што ќе следат ќе овозможат напредок и воспоставување ефективен руско-американски дијалог, заснован на меѓусебно почитување, почитувајќи ги интересите на двете страни, истакнал Путин.
„Русија и САД, како земји особено одговорни за меѓународната и регионалната стабилност, можат и мораат да соработуваат конструктивно“.
Вака рускиот претседател Владимир Путин преку видео му ги честиташе Божиќ и Новата Година на својот американски колега, Џо Бајден.
Сигурен сум дека ќе успееме
Од Кремљ за честитката велат дека Путин потенцирал оти Русија и САД мора да ги обединат своите напори во бројните предизвици и закани со кои се соочува човечката раса.
„Сигурен сум дека ќе успееме да напредуваме од договорите постигнати на самитот во Женева во јуни и дека контактите што ќе следат ќе овозможат напредок и воспоставување ефективен руско-американски дијалог, заснован на меѓусебно почитување, почитувајќи ги интересите на двете страни“, истакнал Путин.
Женева ќе биде почеток на дипломатска студена војна
Како реагираше Западот на честитката? Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн, изјави дека двајцата лидери денеска ќе разговараат телефонски „за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија“.
Најавата за телефонскиот повик на 30 декември доаѓа во период кога американските и руските официјални лица се подготвуваат да се сретнат на 10 јануари во Женева за да разговараат за контролата на оружјето и зголемените тензии околу Украина.
Путин сакал Бајден лично да дојде во Женева
Путин, кој го иницираше днешниот телефонски повик, според Кремљ, го притиска Бајден лично да присуствува на разговорите, иако Белата куќа досега одбиваше таков состанок. Тој состанок може да биде проследен со одвоени разговори меѓу Русија и НАТО на 12 јануари, додека Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во која членуваат САД и нивните европски сојузници, ќе се сретнат на 13 јануари.
Ова ќе биде втор телефонски разговор меѓу двајцата лидери во декември, при што Бајден претходно овој месец го предупреди својот колега за „тешки последици“ доколку руските трупи ја нападнат Украина.