ЅВЕЗДАТА НА ВРВОТ ОД ЕЛКАТА ГО СИМБОЛИЗИРА БОЖИЌНОТО ЧУДО Сјајната светлина на ноќното небо го означилo раѓањето на синот божји

Низ вековите, прославувањето на Божиќ го изнедри обичајот на врвовите од елките да се поставува ѕвезда, што е симбол на христијанството, но и на самото исусово раѓање.

329

Украсувањето на елките е семејна традиција во поголемиот дел од домаќинствата. Елките се китат со разни украси, бонбони, а на врвот се поставува ѕвезда. Токму ѕвездата е најбитниот детал на китењето елка, а тоа има длабоки корени во самите почетоци на христијанството.

Низ вековите, прославувањето на Божиќ го изнедри обичајот на врвовите од елките да се поставува ѕвезда, што е симбол на христијанството, но и на самото исусово раѓање.






Божиќната ѕвезда, попозната како Витлеемска ѕвезда, според легендата сјајела на небото и ги водела трите мудреци на патот до местото каде што е роден Исус Гристос, синот божји.

„Откако Исус се роди во Витлеем во Јудеја во време на царот Ирод, мудреците од исток дојдоа во Ерусалим и запрашаа: Каде е роден кралот еврејски? Ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да му се поклониме“, се вели во евангелието по Матеј.

Витлеемската ѕвезда е единствена по облик, бидејќи е прикажана како петокрака. За време на празниците, за милиони семејства Божиќ може да започне дури откако на врвот од елката ќе се постави ѕвезда.

Поврзани содржини