САД Ѝ ГО ЗАВРТИЈА ГРБОТ НА УКРАИНА? Америка вниманието го насочува кон Кина?

Сепак, како што објави „Форин полиси“ претходно, Украина нема да добие современо оружје од САД, односно нема да ја добие пратката која претходно била планирана за испорака за Авганистан.

1,218

Украина посакува да го добие вишокот на американско вооружување, со цел да биде поподготвена за војна со Русија, изјави украинската амбасадорка во САД, Оксана Макарова.

– Бараме да ни се додели т.н. вишок на воена, на пример некое непотребно вооружување, кое САД би можело дополнително да ни го испрати. Во моментот тоа е во фокусот на нашиот ангажман – изјави амбасадорката за порталот lb.ua.






Според нејзиниите зборови, Украина во неколку насоки ја зголемува воената соработка со САД. Тука се мисли на воената помош што Конгресот ѝја доделува на земјата и која е влезена во буџетот.

Сепак, како што објави „Форин полиси“ претходно, Украина нема да добие современо оружје од САД, односно нема да ја добие пратката која претходно била планирана за испорака за Авганистан.

Весникот открива дека Американците не сакаат да се замеруваат со Русија, па затоа нема да ја предизвикуваат среќата со испорака на оружје во Украина, па своето внимание ќе го пренасочат на Кина, чија растечка воена моќ е голем предизвик за Вашинтон.

Поврзани содржини