ДАЛИ СТЕ НА ПАТОТ ДО БЕБЕ СО ИН ВИТРО? Празнични подароци за членовите на здружението „До бебе по патот на ИВФ“

Ако сте на патот до бебе со ин-витро, пријавете се за празничните подароци на пријателите на здружението „До бебе по патот на ИВФ“. Нема да ви подарат бебе, ама ќе ви помогнат на вашиот пат дотаму

305

Њуборн клиник, психологот и психотерапевт Лидија Попчева, нутриционистката Билјана Ристеска, Тримекс дооел Скопје и Варус дооел Скопје, се спонзори на подароците за учесниците во ова празнично дарување во организација на здружението „До бебе по патот на ИВФ“.

„До овој проект дојдовме со идеја, да им помогнеме на нашите активни членови за нивната ангажираност, помош и поддршка кои несебично ги даваат за подобрување на условите на ИВФ пациентите во нашата земја. Нашите активни членови, кои покрај тоа што поминуваат низ ИВФ процесот и се соочуваат со сите психички и финансиски тешкотии, сепак наоѓаат простор и време да им помогнат на останатите кои поминуваат низ истото“, велат од здружението.






Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини