МОРЕТО ЈА ГОЛТА АЛБАНСКАТА ЗЕМЈА Неконтролираната урбанизација е причина за ерозијата на крајбрежјето
Според објавените научни проценки, нивото на морето во Албанија ќе се зголеми до 105 см до 2100 година.
Албанското крајбрежје е под најголемо влијание на ерозијата споредбено со останатиот дел од Европа, а иако причина за тоа се и климатските промени, стручњаците предупредуваат дека најголем причинител за тоа е неконтролираната урбанизација.
По устието на реката Семан, која се влева во Јадранското Моро, веќе се потопени сите бункери изградени за време на владеењето на албанскиот диктатор Енвер Хоџа.
– Бункерите за направени да издржат речиси сè, но ја изгубија својата единствена битка – изјави за АФП Илир Зани.
Локалните жители од регионот на устието на реката Семан, тврдат дека во последните неколку години морето има потопено околу 800 метри од крајбрежјето.
– Загрижени сме бидејќи водат голта сè пред себе – вели Измир Мерница, жител на едно од селата во регионот.
Дополнителен проблем прават вртлозите кои настануваат во водата, како последица на потопените бункери. Централните власти досега успеаја да извадат неколку бункери на површината, но голем дел од нив се на непристапни места.
Абдула Дика, експерт за заштита на животната околина, тврди дека во Албанија заради растот на нивото на морето, годишно исчезнуваат 27 тони почва, што е 11 пати повеќе од европскиот просек.
Според објавените научни проценки, нивото на морето во Албанија ќе се зголеми до 105 см до 2100 година.