ИМА ЛИ НЕШТО ПОУБАВО ОД ПРАЗНИЧНАТА ТРПЕЗА НА МАМА? Празници се ближат
Сите знаеме дека е мајката незаменлива во животот, но дури кога ќе ја изгубиме сфаќаме што значи тоа навистина. Нашата познаничка и читателка Марија Најдовска која великодушно ги сподели со нас рецептите за переците, кифлите и колачите кои наголемо ги подготвува за претстојните празници и за своите најсакани гости-своите две ќерки, нè потсети како изгледа кога човек си има мајка
Марија Најдовска, за пријателите само Мече, е прекрасна жена и уште попрекрасна мајка за која оние кои ја знаат одамна сигурно ќе ви кажат дека воопшто не се изменила. Секако, има некоја брчка тука и таму, некој килограм повеќе, ама, што би се рекло, има и висина. Оти Мери на времето беше и манекенка. За среќа, трагата од сите години кои можеби ги оставило времето врз неа се бришат како со гумичка со нејзината широка насмевка. Во доверба, многу потсетува на Џулија Робертс.
Повеќе за ова на „АРТ КУЈНА“.