ОВА СЕ НАЈЕМОТИВНИТЕ ПРОСТУВАЊА ОД ЗОРАН ЗАЕВ Инсект осаменик, монах, човечиште, мотор, бетон!
Најверните соработници, пропагандисти и фанови на Зоран Заев на Фејсбук пишуваат емотивни пораки со кои го испраќаат во политичка пензија. Еве еден избор на најдобрите.
Ненад Јовановиќ, аналитичар:
Ова е песна е за мојот премиер Зоран Заев. Како што нема утопија без ризик, предзнак на секоја добра политика ако сака да биде достојна на своето име, така нема политика без ризик, како што нема ниту љубов без ризик.
Заев, за разлика од нашите килави политичари, не беше ниту бахат, ниту изгубен, а имаше смисла и за хумор, како што има претпоставувам и смисла за музика.
На еден митинг на Ципрас, мој премиере Заев, свиреше познатата мелодија на Леонард Коен, „First we take Manhattan, then we take Berlin“. Веднаш потоа, на стејџот се качи Пабло Иглесијас, соборецот и лидер на шпанскиот Подемос, со порака која им беше јасна на сите, и можеби упатува на една поинаква Европа: „Прво ќе ја заземеме Атина, а потоа ќе падне и Мадрид“. Или во нашиот контекст: „Прво ќе се вратиме по Скопје, а потоа ќе го заземеме и Брисел“.
Зоки, да си ми здрав и жив, ова е за тебе, маестро!
Бранко Тричковски, колумнист:
Гомбрович и Тричковски велат дека Заев е од родот на инсектите осаменици, кои одат по својот пат, мастодонт, оклопник, монах, хипопотам, чудак, инквизитор, кактус, мекотел, маченик, апарат, крокодил, социолог, одмаздник, брат, исповедник, аџија, вирус…
Тој е несфатлив и недофатлив за еднодимензионалноста на вморонскиот свет и на неговите слободни радикали од кикифрики и фрикимики форматите.
Само како таков имаше шанси да го направи тоа што го направи: да го отвори рајот за оние што го преферираа пеколот.
Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ:
Човечиште!!! Благодарам за сѐ што направи за нашата земја и за нашите граѓани!!!
Венко Филипче, министер за здравство:
Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во здравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото.
Митко Костовски, фан:
Дојде тивко и замина во легенди – лидер. До следно видување, претседателе! Ти ќе бидеш тука, околу нас, уште долго! Благодарам за сѐ!
Благој Бочварски, министер за транспорт и врски:
Времето ќе покаже дека Зоран Заев ги донесе најкрупните и најзначајните одлуки во поновата македонска историја, од лидер во борбата со режимот и враќањето на демократијата, до давањето личен влог за влегувањето во НАТО и бетонирање на стабилноста и иднината на државата.
Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи:
Времето допрва ќе покаже и докаже како беше срушен режимот, кој ја извлече државата од балканскиот жив песок, кој ја врати демократијата, кој нѐ внесе во НАТО…
Биди и понатаму до и околу нас, бидејќи нѐ чекаат уште многу важни битки.