АНГЕЛА МЕРКЕЛ СПРЕЧИЛА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ На „Бурето со барут“ мора многу да се внимава
Минклер вели дека доколку од Хрватска, Унгарија и БиХ, па се до Егејското Море во еден момент се најдат пола милион или повеќе мигранти, уште повеќе ќе се искомплицира сложената етничко-конфесионална структура на населението, на просторот на кој не така одамна се водеа крвави војни по распадот на Југославија.
Доколку Ангела Меркел не одлучи во Германија да прими милион мигранти, на територијата на Балканот ќе избувнеше нова војна, тврди познатиот германски политколог Херфрид Минклер.
Во интервјуто за „Дојче веле“, тој вели дека Мерел паметно препознала дека Балканот е „буре барут на европскиот поредок“ и дека за него треба да се одвои особено внимание.
– Во последните две години и тоа со релативно мали „реки“ од бегалци, видовме дека тие земји доаѓаа до границата на своите можности. Замислете што ќе се случеше доколку Меркел ги затвореше границите и доколку Австрија ги затвореше своите, а потоа и Унгарија – запраша политикологот.
Минклер вели дека доколку од Хрватска, Унгарија и БиХ, па се до Егејското Море во еден момент се најдат пола милион или повеќе мигранти, уште повеќе ќе се искомплицира сложената етничко-конфесионална структура на населението, на просторот на кој не така одамна се водеа крвави војни по распадот на Југославија.
– Кога ќе се ставите во позиција на еден рационален политичар или како тоа Меркел го објаснуваше, дека работите мораат да се гледаат од крајот, во таа ситуација беше сосем разбирливо да каже дека е подобро луѓето да бидат примени во Германија, каде тие и сакаа да дојдат. Во спротивно „бурето со барут“ повторно ќе експлодираше – додава Минклер.
Тој вели дека Балканот е „шупливиот граничен појас на Европа“ кој ја загрозува нејзината стабилност и дека Европејците мораат да водат сметка за регионот, но тоа да го прават на паментен начин, како што тоа на времето го правеше токму Меркел.