ШТО БИ МУ КАЖАЛЕ НА НАЈСТАРИОТ СРБИН? Живеел пред 10.000 години во Лепенски Вир, а познато е како би изгледал денес! (ФОТО)

Српските археолози, биоархеолози и информатичари предводени од професор Софија Стефановиќ, со поддршка на Националната платформа, направиле научен подвиг и создале биокинетички модел, верна и „жива“ копија на древен жител на Лепенски Вир, ископан од познатиот гроб „број 69“.

701

Дали е возможно да ги „оживеете“ древните луѓе? Дали е возможно да комуницирате со нив? По првпат во историјата, посетителите на „Павиљон Србија“ ќе можат да комуницираат со автентична, мобилна и прилагодлива 3Д фигура на човек од Лепенски Вир, кој живеел во праисторијата и умрел на крајбрежјето на реката Дунав пред повеќе од 10.000 години.

Српските археолози, биоархеолози и информатичари предводени од професор Софија Стефановиќ, со поддршка на Националната платформа, направиле научен подвиг и создале биокинетички модел, верна и „жива“ копија на древен жител на Лепенски Вир, ископан од познатиот гроб „број 69“.






Научниците најпрво успеале да развијат аналитички процеси и со помош на информации сокриени во коските, направиле виртуелен човек ист како тој што живеел пред 10 милениуми. Со ваквиот подвиг, српските научници постигнале едно ново ниво. Тие го споиле знаењето стекнато од проучувањето на човечките коски с онауката за ДНК и со другите форензички анализи. На тој начин успеале да го анимираат човекот и да го доведат во живот со реални експресии на лицето. Српските научници проектот го нарекле Дигитална човечка технологија.

Во продолжение, погледнете како во денешно време би изгледал човек кој живеел пред 10.000 години:

Поврзани содржини