ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК ОТКРИВА Се испраќаат НАТО војници во Бугарија и Романија?

„Шпигел“ не го цитираше директно Волтерс, но наведе дека има информации дека Волтерс „повикал на зајакнување на трупите на НАТО на источната граница“ за време на разговорите преку видео врска со воените команданти на земјите партнери.

2,231

Врховниот командант на силите на НАТО во Европа, генерал Тод Волтерс, предложи НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“.

Како што наведе весникот, Волтерс предложил откако Русија, како што се тврди, „насобрала војници во близина на границата со Украина“.






„Шпигел“ не го цитираше директно Волтерс, но наведе дека има информации дека Волтерс „повикал на зајакнување на трупите на НАТО на источната граница“ за време на разговорите преку видео врска со воените команданти на земјите партнери.

Германскиот весник наведува дека предлозите на Вотерс значат проширување на фронтното присуство на мисијата на НАТО, во рамките на која Алијансата распореди воени сили во балтичките земји и во источна Полска.

НАТО одби да ги коментира наводите на „Шпигел“.

Бугарија и Романија веќе повикаа на проширување на военото присуство на НАТО во тие земји.

Поврзани содржини