НОВ ЛАБОРАТОРИСКИ ПАКЕТ ЗА КОВИД „Аџибадем Систина“ нуди навремено откривање на цитокинската бура

Овој пакет на лабораториски анализи се изведува преку крв и е наменет за сите пациенти кои имаат ковид-19.

971

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе нов лабораториски пакет наменет за ковид-позитивни пациенти. Станува збор за пакет со повеќе лабораториски анализи, меѓу кои и одредување на концентрација на Interleukin 6 (IL6) – маркер кој укажува на можна појава на цитокинска бура кај пациентот која настанува како одговор по инфекцијата со коронавирусот.

Ова е исклучително важно испитување, особено за пациентите кои веќе развиле потешка симптоматологија, односно клиничката слика кај нив се влошила. IL-6 е дел од големата групи молекули наречени цитокини одговорни за правецот на имунолошкиот одговор на организмот во случај на инфекција.






Според доктор Патриција Каламарас, инфектолог, овој пакет, во кој е вклучено и испитувањето на IL6, e особено важен во третманот на ковид-пациентите со цел да се следи нивната клиничка слика и да се примени соодветна терапија.

– Еден од најтешките проблеми кој овој вирус ги предизвикува е таканаречената цитокинска бура која се смета за алармантна состојба кај заболените од ковид-19. Таа прави вистинско цунами на организмот кај човекот и уништува голем дел од органите. Навремената детекција, односно мерењето на вредностите на Interleukin 6 (IL6) ни дава можност да ја следиме внимателно клиничката слика на пациентите и навремено да почнеме со терапија која би спречила посериозни нарушувања кај болните – вели д-р мед. науки Патриција Каламарас, инфектолог.

Овој пакет на лабораториски анализи се изведува преку крв и е наменет за сите пациенти кои имаат ковид-19. Дополнително, со другите анализи од пакетот практично се испитува целосно имунолошката состојба кај пациентите. Цената на пакетот чини 3.000 денари.

Поврзани содржини