БАЈДЕН СМЕНИ ЗАКОН ОД ВРЕМЕТО НА ТРАМП Нема туширање со повеќе „туш-глави“, штедиме вода

Поранешниот претседател Трамп ја тргна оваа забрана во својот мандат. Тој тогаш постојано се жалеше поради фактот што дури и областите во Америка со „огромна вода“ имаат „тушеви каде што водата не излегува“.

679

Американците веќе нема да можат да користат тушеви кои имаат повеќе прскалки или „туш-глави“, а ќе можат да црпат максимум 9,5 литри вода во минута, нареди администрацијата на претседателот Бајден, пишува ВашингтонПост. Луѓето се бесни и се сеќаваат на времето на Трамп во чие време оваа забрана беше дигната и тие можеа да трошат многу повеќе вода и струја.

За поранешниот претседател Трамп ова беше лично прашање. Тој постојано се жалеше поради фактот што дури и областите во Америка со „огромна вода“ имаат „тушеви каде што водата не излегува“.






– Имате тушеви каде што не можам да се мијам мојата коса правилно, тоа е катастрофа – изјавил тој за време на својот мандат.

Новото правило за енергетска ефикасност на Министерството за енергетика ги влече Американците назад во темните денови од пред 2013 година, кога тушевите смее да испуштаат уште помалку – само 2,5 литри вода во минута. Законот бил донесен уште во 90-тите, а како одговор, некои производители почнале да продаваат туш-кабини со повеќе глави кои поединечно го исполнуваа ограничувањето за употреба на вода, но пуштени да течат заедно го надминувале.

Мерката ќе се применува 30 дена од донесување на одлуката, што се очекува да биде за некој ден.

Поврзани содржини