КАРАНТИНОТ КАКО ИЗВОР НА ИНСПИРАЦИЈА Од експериментирање со чоколадо до бренд за чоколатца
Дејан Вучковиќ е млад битолски готвач кој карантинот го искористил за експериментирање во кујната. Во центарот на неговиот интерес е чоколадото кое ја има главната ролја во оваа приказна за Дејан и пралините „Дежаву“. Иако овој израз има друго значење, верувајте, сите се различни, прекрасни и посебни по вкус
Битолчанецот Дејан Вучковиќ го привлече нашето внимание на Винскиот салон во Битола на кој ги изложуваше своите необични чоколатца кои наликуваа на минијатурни уметнички дела, но јадливи и вкусни.
Дејан е главен готвач во комплексот „Фелиција Голд“ во неговиот роден град кадешто моментално ги изработува и десертите.
Вели дека љубовта за готвењето кај него се појавила уште додека бил тинејџер, а особено му била и сè уште му е привлечна можноста за создавање на нови комбинации на вкусови.
Прочитајте го целиот текст на порталот „АРТ КУЈНА“.