КАДАРОТ Е ПРИОРИТЕТ НА „КОМОРАТА НА ИДНИНАТА“ Михајло Донев е директор за иновации
Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти.
Со назначувањето на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“.
Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти.
Според претседателот на Комората, Бранко Азески, постојано се води сметка за кадровската политика и тоа е еден од клучните приоритети. Денес, дополни тој, по градењето свои кадри во изминатите 15 години, Комората брои 40 високообразовани кадри, од кои три доктори на науки, 18 магистри и 10 експерти од сите сфери.
– За дa влијаеме на поголема примена на информациско-комуникациските технологии во компаниите, мораме да покажеме достоен пример дека и ние постојано се трансформираме во насока на градење Комора која е агилна и приспособлива преку понудување соодветна експертиза за своите членки – рече Донев на промоцијата.
Според Даниел Матракоски, соработник во коморската стручна служба, коморите мора да се менуваат за да одговорат на потребите на членките.
– Оттука и реинвенцијата, односно реосмислувањето на работата секогаш е на дневен ред. Дигитализацијата е вистинскиот чекор за успех на долги патеки. Комората треба да ги искористи идеите кои се иницираат во време на криза за да излезе како посилен и подобар партнер на бизнис заедницата – истакна Матракоски.
Нена Николовска, експерт во Комората, изјави дека за неа Комората на иднината е куќа на бизнисот која долгогодишното искуство го има преточено во иновативност со цел да одговори на потребите на компаниите.