РОДИТЕЛИТЕ ГО ОСТАВИЛЕ ВО ДОМ, А ВДОМУВАЧИТЕ ВО БОЛНИЦА Самохран татко посвоил 13-годишно момче

Питер Мутабази имал тешко детство во Уганда, на 10 години побегнал од дома, го посвоиле добри луѓе и денес живее во Америка и им помага на деца со тажни и тешки животни околности. Сега и официјално е родител на 13-годишниот Тони

591

Тони Мутабази е момче кое на 2 години било оставено во дом за незгрижени деца и не се сеќава на своите биолошки родители. Го посвоило семејство од Оклахома, но кога наполнил 11 години, родителите го оставиле во болница и повеќе не се вратиле.
Забележувајќи го момчето, жена по име Џесика го повикала Питер, човек кој живее сам и често посвојува деца со тажни и тешки животни околности. Питер веднаш се согласил да го вдоми Тони на два дена, но кога ги слушнал деталите за неговата приказна, решил засекогаш да останат заедно.
Питер сега и официјално е родител на Тони и тие живеат заедно во Јужна Каролина.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини