ЛЕТАА БОКСОВИ И ШЛАКАНИЦИ Турските пратеници си ги одмерија силите (ВИДЕО)

Во расправата се вклучија повеќе пратеници. Народните избраници станаа од своите места, прво почнаа меѓусебно да се навредуваат, а потоа почнаа и да си удираат тупаници.

1,200

Пратениците на владејачката партија и пратениците од најголемата опозициска партија во Турција синоќа си ги одмерија силите за време на расправата за буџетот во тускиот парламент.

Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обрати на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и го праша зошто во авионот на Коркмаз се качил бизнисмен кој моментално е во затвор во Австрија и кој се соочува со бројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и перење пари, поткуп и измама.






Министерот негираше, но по вербалната расправија следуваше тепачка со тупаници.

Во расправата се вклучија повеќе пратеници. Народните избраници станаа од своите места, прво почнаа меѓусебно да се навредуваат, а потоа почнаа и да си удираат тупаници.

Во продолжение, погледнете го видеото:

Поврзани содржини