КОЈ ГО ВРТИ БАЈДЕН, ВИДЕТЕ ГО ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ Тајниот агент кој наликува на Том Круз го засени претседателот на САД (ВИДЕО)
Тајниот агент од обезбедувањето на Бајден бил уловен како слободно шета по улиците на Масачусец, а инаку тој е задолжен за обезбедување безбеден премин на претседателот на САД.
Жените ширум светот се прашуваат кој е мистериозното момче за кое се потврдило дека е таен агент и човек од обезбедувањето на американскиот претседател Џо Бајден. Неговото име не е откриено, бидејќи тоа не го дозволуваат прописите, но тој самиот се откри кога се појавил на улиците во Масачусец.
Момчето го привлекло вниманието кај голем број жени, бидејќи, според објавите на социјалните мрежи, тој многу наликува на Том Круз во периодот кога глумел во „Топ ган“.
На социјалните мрежи се појави и снимка од згодното момче .
Тајниот агент од обезбедувањето на Бајден бил уловен како слободно шета по улиците на Масачусец, а инаку тој е задолжен за обезбедување безбеден премин на претседателот на САД.
„Заборавете на претседателот, ова момче изгледа баш добро“, наведено е во описот на видеото кое за кратко време собра околу 3 милиони прегледи.