ЗА ДУИ НЕ ДОАЃААТ ПРЕДВИД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Наредната недела ќе се договорат министрите со Алтернатива

1,315

Преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори, изјави вечерва министерот за економија и кадар од ДУИ Крешник Бектеши.

– Нашиот став како ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. Во моментов многу е важно нашата држава да има стабилна влада, стабилно Собрание каде ќе се носат вакви важни одлуки, а во делот на отстапување на ресори веќе при крај се преговорите. Најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори – рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.






Тој, меѓу другото, истакна дека не доаѓаат предвид предвремени парламентарни избори, ДУИ е, рече Бектеши, заинтересирана да ја реализира целосно програмата до 2024 година.

Запрашан дали ќе го поддржат кое било име кое ќе биде предложено од СДСМ како иден мандатар, Бектеши рече дека според ДУИ, Заев треба да остане како претседател на Владата, но дека штом завршат внатрепартиските избори во СДСМ нивна одлука ќе биде за тоа кој ќе биде нивен мандатар и дали Заев ќе се повлече. За интегративците, повтори тој, важна е стабилноста на Владата.

Алтернатива ја одложи за утре седницата на Централниот совет на која вечерва требаше да се одлучува дали партијата ќе биде дел од Владата.

Поврзани содржини