СЕ ПОНАДЕВАЛ НА ЕВТИНО ЗЛАТО Кумановец платил 1.000 евра, ама не ја добил нарачката
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Отштетниот го пријавил случајот вчера во 15 часот.
„Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место“, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.