ДАЛИ БИ ГО ПОЗАЈМИЛЕ СВОЕТО ЛИЦЕ НА РОБОТ ЗА 200.000 ДОЛАРИ? Позната компанија бара волонтери и нуди солиден надомест (ФОТО+ВИДЕО)
Нашата компанија развива технологии во областа на препознавање лица, како и говор, автономна навигација, вештачка интелигенција и други области од роботиката, соопштија од „Promobot“.
Производителот на роботи „Promobot“ бара лице за својот следен хуманоиден робот, кој ќе се користи во хотели, трговски центри и аеродроми од 2023 година па натаму.
Компанијата нуди неверојатни 150.000 фунти (200.000 долари) на храбар волонтер, кој мора да биде подготвен засекогаш да ги пренесе правата за користење на неговото лице, пренесува Дејли Мејл.
„Promobot“ е производител на роботи од Њујорк, познат по своите морничаво реалистични хуманоидни роботи. Роботите на компанијата веќе се користат во 43 земји, работат како администратори, промотори, консултанти, водичи …
– Нашата компанија развива технологии во областа на препознавање лица, како и говор, автономна навигација, вештачка интелигенција и други области од роботиката – соопштија од „Promobot“.
– Од 2019 година активно произведуваме и доставуваме хуманоидни роботи на пазарот. Нашите нови клиенти сакаат да започнат проект од голем обем, и во овој поглед, тие мора да дозволат нов изглед на роботот за да избегнат правни одложувања. Во својата најнова кампања, технолошката фирма бара некој со „љубезно и пријателско“ лице, што ќе се користи за помошник на хуманоидни роботи – се додаваат од компанијата.
Роботот е нарачан од неименувана американска компанија, а ќе се користи на аеродромите, како и во трговските центри и малопродажните објекти низ Северна Америка и Блискиот Исток.
– Роботот со нов изглед ќе започне со своите активности во 2023 година, а лицето на избраната личност ќе стане ликот на овој робот – објаснуваат од „Promobot“.

Иако „Promobot“ наведува дека волонтерот мора да има „љубезно и пријателско“ лице, од компанијата се отворени за апликации од луѓе од кој било пол и возраст.
Од „Promobot“ не кажале зошто се обидуваат да користат вистинско лице, наместо да се одлучат за компјутерски генерирано лице – слично на она што беше направено со познатиот, хуманоиден робот Софија.
Ова не е првпат производител на роботи да понуди некому да ги плати правата на нивното лице. Во 2019 година, неименувана компанија за роботика му понудила на волонтер награда од 100.000 фунти за користење на неговото лице.