ФИЛИПО АЛБЕРТО РОСО ЛАУРЕАТ НА „ПИЈАНО ФЕСТ“ БИТОЛА Виртуелен натпревар на 100 млади пијанисти

На третото онлајн издание на „Пијано фест“ учествуваа 100 млади пијанисти од 19 држави во светот.

284

Филипо Алберто Росо (14) од Италија е годинaшен лауреат, а Жонгшу Чен (10) од Кина е избран за најперспективен млад пијанист на меѓународниот натревар по пијано, „Пијано фест“ што викендов го организираше здружението „Пијано“ од Битола.

На третото онлајн издание на „Пијано фест“ чии основачи се пијанистките Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски, учествуваа 100 млади пијанисти од 19 држави во светот, а ги оценуваа уметниците Тереза Тревисан од Италија, Мирела Туше Вонгли од Албанија и Маргарита Вукович од Русија.






Со одлука на жирито, освен Росо и Чен, во различни категории прва награда на „Пијано фест“ во Битола освоија Рељана Врапи (8) и Кристел Караѓози (16 ) од Албанија, Јована Арсовска (17 ) и Јован Наставски (18 ) од Северна Македонија…и други учесници, млади талентирани пијанисти од светот кои заради актуелната пандемија не допатуваа во Битола.

Поврзани содржини