ДВАЈЦАТА ВОЗАЧИ НА КОБНИОТ АВТОБУС НЕ БИЛЕ ВРАБОТЕНИ Едниот немал ни сертификат за професионална компетентност

7,642

Двајцата возачи на автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во сообраќајка на автопатот Струма во Бугарија, при што 45 патници загинаа, не биле вработени.Едниот немал ни сертификат за професинална компетентност.

Овие податоци ги изнесе министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на попладневната прес-конференција во Владата.






Едниот од возачите  не бил вработен во компанијата, но имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година.

Другиот возач воопшто не бил пријавен дека работи во било која фирма. Нему сертификатот му бил истечен во септмеври оваа година, соопшти Бочварски.

Поврзани содржини