ЧОВЕКОТ ШТО ОД ДВЕ ШТИЦИ ЧУДА ПРАВИ Инспирација му е Мондриан, пасија – дизајнирањето и создавањето маси
На нашиот дизајнер на мебел и ентериери Крсте Гаков и сопственик на брендот „Две даски“ за изработка на арт предмети за кујна и Хорека, најголемата желба, наместо да заработи милион евра, му е да направи изложба со неговите дизајни инспирирани од Мондриан и еден ден едно парче негов дизајн да се најде во некој од светските музеи.
Крсте Гаков е еден од најинтересните луѓе што сум ги запознала во последно време. Тој е дизајнер на современ дрвен мебел и ентериери, а неговите дела се уникатни и уметнички, но и функционални производи од дрво што ги изработува со голема љубов и страст. Неговата љубов кон работата е до толку голема, што брзајќи да реализира некое дело кое обично најпрвин го има како тродимензионална слика во својата глава, останал без два прста на десната рака. Секако, ова не го спречило да продолжи да твори со истата страст и вистинска штета би била доколку неговата работа остане само во статистиките со добитниците на награди за дизајн на мебел.
Имено, во текот на своето долгогодишно постоење и творење како дизајнер, Гаков има добиено награди за некои од своите дизајни како во земјава, така и во странство.
Едни од неговите најнаградувани производи се масата наречена „изместена” и закачалката наречена „3Д“ (инспирирана од Мондриан) кои добиле награди кај нас, во САД, во Германија и во Италија.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.