ЕСМ ГИ БРАНИ НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ НА РЕК БИТОЛА И НА РЕК ОСЛОМЕЈ Двајца машинци докажани во кризни ситуации

Новите директори на РЕК Битола и РЕК Осломеј се докажани професионални кадри, тврдам од Електрани на Северна Македонија, но не соопштуваат детаљи за тоа колкаво е нивното работно искуство на раководни позиции во енергетскиот сектор.

2,218

АД Електрани на Северна Македонија ги осуди обидите на опозициската партија да прозива било кој граѓанин или државен службеник за дополнителните работни активности со кои се занимавал за дополнување на личната егзистенција, особено ако тоа било во време кога политичката структура не дозволуваше способни и професионални лица да напредуваат или да се вработат на соодветно место без да имаат соодветна партиска припадност.

„Ги осудуваме и обидите на дел од порталите за правење сензационализам за приватниот живот на било кој граѓанин, кога истото не е во корелација со неговите стручни квалитети и подготовка за обавување на назначената позиција“, се вели во соопштнието на ЕСМ, до кое доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новиот директор на РЕК Битола, Пеце  Матевски, немал искуство во енергетиката, а во дел од медиумите и на социјалните мрежи се прошири информацијата дека е хармоникаш.






„До назначувањето, Пеце Матевски ја извршуваше функцијата директор на Термоелектрана, а претходно беше координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Претходно работел во приватниот сектор. Матевски е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси“.

До назначувањето за в.д. директор на РЕК Осломеј, Стојан Мицкоски, пак, ја извршувак функцијата технички директор на Рудници, а претходно работел како одговорен инжинер на јагленов систем и раководител на Машинско одржување. Мицкоски е дипломиран машински инженер.

„И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј“, се вели во соопштението на ЕСМ.

Во соопштението сепак не се наведува колкаво е работно искуство на директорот Пеце Матевски на раководни позиции во РЕК Битола или во други компании во областа на енергетиката.

Поврзани содржини