ПАРТНЕРОТ НА АНА БЕКУТА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА Лекарите се борат за животот на српскиот политичар
Милутин Мркоњиќ е на одделението за Интензивна нега, на апарати и приклучен на респиратор.
Српскиот политичар и пратеник Милутин Мркоњиќ (79) се наоѓа во тешка ситуација и лекарите се борат за неговиот живот.
Како што потврдиле од болницата за српски „Курир“, Мркоњиќ е на одделението за Интензивна нега, на апарати и приклучен на респиратор, а лекарите прават сѐ за да ја стабилизираат неговата состојба.
Мркоњиќ веќе долго време е во болница, а сега состојбата нагло му се влошила.
Да потсетиме, политичарт на почетокот на месецот заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што беше вграден пејсмејкер.
Милутин на почетокот на годината беше во болницата „Драгиша Мишовиќ“, но тогаш тестовите покажаа дека тој е негативен на ковид 19.
– Немав коронавирус, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Меѓутоа, имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на коронавирусот – изјави тогаш тој.
Инаку, Мркоњиќ е долгогодишен емотивен партнер на пејачката Ана Бекута, која, како што јавуваат српските медиуми, е многу загрижена за неговото здравје.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм