ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ БЕА РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ВЛАСТА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Вечерњи лист“

Овие избори се доживееја како еден вид референдум против актуелната влада, при што резултатите покажаа убедлив пораз на Заев и победа на ВМРО-ДПМНЕ - истакна Мицкоски.

449

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за хрватски весник „Вечерњи лист“ на прашањето што по победата на Данела Арсовска на изборите за градоначалник на Скопје, која ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ, премиерот на Македонија, Зоран Заев си поднесе оставка тој одговори дека власта не изгуби само во Скопје туку во повеќето општини во Македонија.

– Оставката доаѓа поради победата на Данела Арсовска во Скопје, но и поради победата во останатите 42 општини каде ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата оствари сигурни и убедливи победи, со што разликата која беше во полза на ВМРО-ДПМНЕ практично ја делегитимираше владата на Зоран Заев – рече Мицкоски.






Мицкоски додаде дека власта загуби во сите поголеми градови низ целата држава.

– На некој начин, пред се и поради однесувањето и влогот кој го стави самиот Зоран Заев кој изјави дека ако загуби на изборите, тогаш си оди од политиката, овие избори се доживееја како еден вид на референдум против актуелната влада, при што резултатите покажаа убедлив пораз на Заев и победа на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски.

На прашање на новинарот кој е ставот на Мицкоски во врска со влезот на Македонија во Европската унија кој го блокира Бугарија и може ли овој спор да се реши или ќе се одоговлекува исто како и спорот со Грција, лидерот на партијата одговори:

–  Овој спор е новосоздаден и е исклучиво последица на тоа што Заев ветуваше премногу на Бугарија, иако знаејќи дека тоа е штетно за Македонија и не е во состојба да го испорача. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, но она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Нашите црвени линии се составени во резолуцијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе а со консензус беше изгласана во собранието а која ја содржи потребата за почитување на нашата посебност и јазичен идентитет.

Поврзани содржини