РЕЏЕПИ ОДГОВОРИ НА ИСКЛУЧУВАЊЕТО ОД ПАРТИЈАТА Господ да ја благослови Америка ФОТО
Реџепи на својот Фејсбук профил објави фотографија како реакција по одлуката на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да го исклучи од партијата
Пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави фотографија како реакција по одлуката на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да го исклучи од партијата, откако тој не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа недоверба на Владата.
Реџепи сподели фотографија на која пишува: „Господ да ја благослови Америка“.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, најави дека наскоро ќе се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство.
– Не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа ќе биде негова лична одлука – изјави вчера Џафери.