РОНАЛДО СЕ СПРЕМА ДА ГО ШУТНЕ ЈУНАЈТЕД Каков услов постави фудбалската ѕвезда?

Весникот „Дејли Експрес“ пишува дека Португалецот не е задоволен од последните резултати на клубот и јасно му ставил на знаење на раководството дека не сака да игра во Лига Европа.

1,635

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „Црвените ѓаволи“ не обезбедат место во Лигата на шампиони, објавија британските медиуми.

Роналдо во август годинава се врати во Јунајтед од Јувентус, потпишувајќи двегодишен договор.






Весникот „Дејли Експрес“ пишува дека Португалецот не е задоволен од последните резултати на клубот и јасно му ставил на знаење на раководството дека не сака да игра во Лига Европа.

Роналдо сезонава на 12 натпревари постигна девет голови, додавајќи и една асистенција.

Поврзани содржини