ИМА НОВА ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО – ИГРА НА МИКРОБИ! Бил Гејтс знае што нѐ чека, дури предлага и решение (ВИДЕО)
Милијардерот сугерираше дека „игрите на микроби“ може да се користат за вежбање и подготовка за такви случувања.
Милијардерот Бил Гејтс повторно е во центарот на вниманието, откако предупреди дека светот е во нова опасност.
На самитот за климатски промени COP26 во Глазгов, Гејтс предупреди на биотерористички напади и ги повика меѓународните власти, вклучително и Светската здравствена организација, да се подготват со вклучување во „игра на микроби“.
Во разговор со Џереми Хант, претседател на Комитетот за селекција на здравството на Обединетото Кралство, Гејтс ги повика светските влади да инвестираат милијарди во истражување и развој со цел да се подготват за идни пандемии и потенцијални терористички напади на мали сипаници, пренесува Скај њуз.
Бил Гејтс сугерираше дека „игрите на микроби“ може да се користат за вежбање и подготовка за такви случувања.
За време на дискусијата, тој исто така повика на создавање на нова работна група за пандемија вредна милијарди долари, предводена од СЗО.
– Ќе бидат потребни околу милијарда годишно за работната група за пандемија на ниво на СЗО, која ќе го надгледува и всушност ќе го прави она што јас го нарекувам „игра на микроби“ каде што вежбате. Вие велите, добро, но што ако биотерорист донесе сипаници на 10 аеродроми? Знаете, како светот би реагирал на тоа? – рече тој.
– Постојат природни епидемии и епидемии предизвикани од биотероризам кои би можеле да бидат дури и многу полоши од она што го доживеавме денес, а сепак, напредокот во медицинската наука треба да ни обезбеди алатки кои би можеле, знаете, да ги направиме драматично подобри – рече Гејтс.
Тој тврди дека земјите како Велика Британија и САД ќе треба да потрошат милијарди долари, но крајниот резултат може да биде укинување на сѐ, од грип до настинка.
– Убавото е што треба да направиме многу истражувања и развој за да бидеме подготвени за следната пандемија – како што се евтини вакцини, големи фабрики, искоренување на грипот, ослободување од обичната настинка, правење вакцини во форма на мал фластер што го ставате на раката, сѐ работи кои ќе бидат неверојатно корисни дури и во години кога немаме пандемија – вели милијардерот.
Гејтс рече дека подготовките за пандемија ќе бидат главниот фокус на неговата идна работа.
– Заедно со пораката за климата и тековната борба против болестите на сиромашните, подготвеноста за пандемијата е нешто за што ќе зборувам многу. И мислам дека ќе најде плодна почва затоа што, знаете, изгубивме трилиони долари и милиони животи и граѓаните очекуваат нивните влади да не дозволат тоа да се повтори – рече тој.
Bill Gates was one of the few who warned far in advance we weren’t ready for a pandemic so have we learned or will we still end up fighting the last war? Sobering assessment in my @policyexchange interview pic.twitter.com/gjHlAsgmmG
— Jeremy Hunt (@Jeremy_Hunt) November 4, 2021