НЕ ЕДНА, НЕ ДВЕ, ТУКУ ТРИ ПЕНЗИИ Лепа Лукиќ е трикратна пензионерка
Една пензија заработила на одредена возраст од животот и поради работниот стаж, втората е национална, а третата е канадска и ја наследила од нејзиниот покоен сопруг.
Пејачката Лепа Лукиќ за време на гостувањето во утринската програма на српската телевизија „Прва“ открила колкави се нејзините приходи и колку пари добива на месечно ниво.
Таа раскажала дека една пензија заработила на одредена возраст од животот и поради работниот стаж, втората е национална, а третата е канадска и ја наследила од нејзиниот покоен сопруг.
„Националната пензија ми е 60.000 динари, а другата 90.000 динари. И имам канадска пензија од 1.000 евра. Може да се живее и од националната ако водите сметка“, рекла таа.
„Не ја бркав националната пензија. Бев во Америка и кога се вратив, слушнав од некои луѓе кои ми рекоа дека сум ја добила. Државата ме признала“, рекла таа.
„Првите 10 години плаќав пензиско и социјално осигурување, а кога ме прифати државата, сѐ ми плаќаше. Добив и статус на истакнат уметник, па ја добив првата пензија со 35 години работен стаж и 55 години живот. Државата ги виде сите признанија што сум ги добила, тоа и го приложив“, дополнително објаснила пејачката.
Лепа Лукиќ неодамна истакна дека, што се однесува до финансиите, никогаш повеќе не мора да пее, бидејќи од пензиите добива сосема доволно пари.
ФОТО: Инстаграм