ПРЕМИЕРОТ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА БЕЛГРАД Отворен Балкан ќе продолжи без Заев

Господинот Заев нема да патува во Белград, со оглед на политичката ситуација, изјавиле од неговиот кабинет за Танјуг.

1,858

Зоран Заев ја откажал планираната посета на Белград, планирана за 3 и 4 ноември. Како што информираат срските медиуми, а се повикуваат на информацијата лиферувана од агенцијата Танјуг, од кабинетот на Заев е потврдено дека тој нема да патува на закажаниот состанок, на кој заедно со лидерите на Србија и Албанија беше планирано тој да разговара за иницијативата Отворен Балкан.

– Господинот Заев нема да патува во Белград, со оглед на политичката ситуација – изјавиле од неговиот кабинет за Танјуг.






Сепак, Македонија ќе биде претставена на средбата со Александар Вучиќ и Еди Рама, но името на претставникот дополнително ќе се одреди.

Заев по лошите резултати од локалните избори по неговата партија, поднесе оставка на премиерската позиција, но се откажа и од претседателската функција во СДСМ.

Поврзани содржини