ВО ИДНИНА ВАКЦИНИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕЗБОЛНИ Лепенка на рака, вбризгување без мака (ФОТО)

„Едноставно „кликате“ на апликатор на кожата и 5.000 микроскопски проектили речиси незабележливо ја испорачуваат вакцината во кожата“, вели д-р Дејвид Мулер.

473

Вакцини кои нема да боцкаат ќе бидат достапни за јавноста, а ќе работат со лепенка преку која течноста ќе се вбригзува директно во нашите капилари, пишува ИФЛ Наука. Биолозите од Квинсленд сметаат дека ова ќе го реши проблемот на трипанофобија (страв од игли), но и многу повеќе од тоа: нашето тело побрзо ќе реагира на вакцината.

– Едноставно „кликате“ на апликатор на кожата и 5.000 микроскопски проектили речиси незабележливо ја испорачуваат вакцината во кожата – вели д-р Дејвид Мулер.






Во трудот објавен денеска во списанието Science Advances, Мулер и тимот опишаа како вакцината со лепенка успешно ги заштити глувците кои биле изложени на ковид-19.

фото: Јутјуб/принтскрин

– Кога вакцината се испорачува преку HD-MAP апликатор [лепенка], наместо игла, таа произведува подобри и побрзи имунолошки одговори – вели Мулер. – Исто така, (овој метод) неутрализира повеќе варијанти (на корона), вклучувајќи ги и варијантите во Британија и во Јужна Африка.

Настрана од фобијата од игли, ова може да биде огромен напредок за луѓето во сиромашните и земјите во развој, велат истражувачите. Вакцината користена во испитувањето беше кандидатот на Универзитетот во Тексас, ХексаПро, развиен со надеж за унапредување на евтини и широко дистрибуирани вакцини.

Таа може да се чува на температури до 8°C, отстранувајќи ја потребата од специјализирани замрзнувачи и се прави во садови налик на јајца, исто како вакцините против грип, што значи дека инфраструктурата за нивно производство е веќе воспоставена ширум светот.

– Сведоци сме на невидени разлики во пристапот до вакцините за ковид-19 низ целиот свет – рече Илја Финкелштајн, еден од тимот што го разви ХексаПрово изјавата во април. – Го дизајниравме ХексаПро за да нè донесе чекор поблиску кон решавање на големиот диспаритет во пристапот до вакцини.

Системот за испорака на лепенки ја развива идејата и понатаму: протеините од вакцината на лепенката се стабилни до еден месец на 25°C, а една недела дури и на температури високи до 40°C, открива трудот.

Во моментов, речиси половина од светската популација има примено барем една доза од вакцина против ковид-19, но тој број е пред сè во корист на земјите со високи приходи како САД. Додека три четвртини од Канаѓаните и Европејците се веќе двојно вакцинирани – а еден од 10 Британци дури примил трета доза, околу 96 отсто од луѓето во сиромашните земји допрва треба да примат вакцина.

Поврзани содржини