КУМАНОВО БЕЗ ПОДЕЛБИ Истакнати членови на СДСМ го поддржаа Максим Димитриевски

Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро, рече Миле Арсовски, еден од основачите на СДСМ-Куманово.

1,357

Истакнати членови на Социјалдемократскиот сојуз, како и дел од основачите на СДСМ-Куманово, Страшко Илиевски, Младен Славковски-Маџо и Миле Арсовски, го поддржаа независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

– Го поддржувам Максим Димитриевски затоа што покажа како се работи за сите граѓани. Тој е социјалдемократ и секогаш се бори кумановци да живеат подобро. Вечерва, со моите партиски другари му ја дадовме поддршката затоа што ја заслужува. Му посакуваме многу успех во недела – рече Миле Арсовски.






Димитриевски изјави дека се гордее поради тоа што сè повеќе граѓани му ја даваат поддршката.

– Ви благодарам од срце. Нашиот концепт веќе е препознаен од сите граѓани и горд сум што сè поголем број граѓани ни ја даваат поддршката. Ветувам дека ќе работам во интерес на сите кумановци, нема да правам поделби по ниту еден основ и ќе се вложам секој кумановец да има подобар квалитет на живот – порача Димитриевски.

Поврзани содржини