КОЈ Е НАРКОБОСОТ ОТОНИЕЛ, ВТОРИОТ ЕСКОБАР? Го бараа со 500 војници, преку сателити, а тој тргувал со Балканот (ФОТО)

Бил „крал на кокаинот“ во пет земји, но и во сите пристаништа на Европа, најмногу тргувал со Балканот и со луѓе од Балканот оделе до Италија и до Атлантикот, да ја земат робата. Не користел телефон, туку само курир, па морале да го следат со сателитски снимки како од село во село спие по разни куќи. Отониел бил уапсен со 500 војници и од 22 хеликоптери.

959

Можеби последниот голем наркобос по озлогласениот Пабло Ескобар, кој имаше клан со над 1.800 луѓе, беше уапсен во Колумбија по долгогодишно следење, планирање и акција на армијата и на полицијата.

Дарио Антонио Усуга, познат како Отониел, беше „кралот на кокаинот“ во пет јужноамерикански земји, но тој е обвинет и за убиства на полицајци, злоупотреба на деца, а соработувал со шверцери на Балканот и на  Сицилија и Калабрија, пишува Б92, по деталните снимки и извештаи од „Семана“.






– Ова е најголемиот удар за трговијата со дрога во нашата земја во овој век – рече колумбискиот претседател Иван Дјук, во телевизиско обраќање.

Мрежата на Отониел се простирала во Панама, Мексико, Доминиканската Република, но и во Белгија во Европа. Всушност, тој е познат и како шеф на Заливскиот клан, мрежа на кокаин што оди по пристаништата на Медитарнот и Атлантикот. Тој намерно не користел мобилен телефон, туку комуницирал по курир, за конечно биде најден со неверојатни 50 агенти на терен кои користеле сателитски снимки и го следеле од место во место. Колумбијската влада нудела 800.000, а САД 5 милиони долари за тој што знае каде е Отониел, пишува Вијести.

фото: Твитер „Ревиста Семана“/принтскрин

Како падна наркобосот?

Колумбиските вооружени сили го уапсија Отониел за време на операцијата „Озирис“, во рурална област во регионот Ураба. Тоа е блиску до границата на Колумбија со Панама, Средна Америка. Во операцијата на неговото апсење учествувале 500 војници, а биле користени 22 хеликоптери. Според Би-Би-Си, Отониел користел мрежа од безбедни куќи во локалните села.

Се движел од едно во друго село и така се криел од властите. Порано полицијата во скривалишта наоѓала специјални ортопедски душеци наменети за Отониел. Се наведува дека овие специјални душеци ги користел поради болки во грбот, веројатно за дискус хернија.

Додека деталите за операцијата сè уште се појавуваат, претседателот на Колумбија изјави дека е убиен еден полицаец. Колумбиските вооружени сили подоцна објавија фотографија на која се гледаат војници кои го чуваат Отониел со лисици.

Досега имаше неколку големи операции да се уапси овој 50-годишен наркобос. Во последниве години беа вклучени илјадници полицајци и војници, но досега ниту една не беше успешна.

фото: Твитер/принтскрин


Кој е кланот Усуга?

Отониел стана шеф на заливскиот клан, порано познат како клан Усуга, откако претходниот водач, неговиот брат, беше убиен од полицијата во рација на новогодишна забава пред речиси десет години. Се верува дека има околу 1.800 вооружени членови, главно регрутирани од екстремно десничарски паравоени групи.

Колумбиските безбедносни сили ја опишаа Усуга како најмоќната криминална организација во земјата, додека американските власти ја опишуваат како „тешко вооружена (и) крајно насилна“.

Бандата, која дејствува во многу провинции и има силни меѓународни врски, се занимава со трговија со дрога и луѓе, нелегална експлоатација на злато и со изнуда. Таа контролира многу правци кои се користат за шверц на дрога од Колумбија до САД, па дури и до Русија.

 

Црногорецот Иван Армуш и балканската врска 

За Отониел и неговиот клан, преговарањето со балканскиот картел станало приоритет; 60 проценти од кокаинот што стигнувал во Европа е испратен од нив. Додека во САД просечната цена за килограм кока е 11.897 долари, во Европа вредноста се множи и надминува 58.000 долари.

Неодамнешното апсење на црногорецот Армус Иван во Картагена беше удар врз структурата на шверцот на дрога на речиси непознатиот балкански картел, кој е присутен во Колумбија веќе неколку години, но успеа да остане незабележан под превезот на фасадата на успешни инвеститори и претприемачи кои сакаат да се спротивстават на високото општество во градовите како што се Картагена, Баранкила, Меделин, Кали и Богота.

Весникот „Семана“ дознава за разузнавачките извештаи од полицијата, која, соработувајќи со меѓународните агенции во Европа и САД, открила комплексна мрежа на шверц на дрога наменета за Стариот континент. Всушност, во документот се зборува за Армуш Иван како еден од членовите на балканскиот картел, кој очигледно морал да избега од Шпанија во 2018 година, откако бил вмешан во убиство поради расчистување на сметките.

слика од Иван Армуш од твитер/принтскрин

 

На Отониел може да му се суди за убиства во САД

Многу членови на банди претходно беа уапсени во Аргентина, Бразил, Хондурас, Перу и во Шпанија.

Колумбиската влада, сепак, верува дека бандата го десеткувала бројот на луѓе во последниве години, бидејќи многу нејзини членови биле принудени да се кријат во оддалечените области во џунглата.

Отониел сега се соочува со многу обвиненија, како што се трговија со кокаин во САД, убивање полицајци и регрутирање деца за криминални активности. Тој беше обвинет во САД во 2009 година и се соочува со екстрадициска постапка, поради која на крајот може да се појави пред судот во Њујорк.

 

Поврзани содржини