СЕ ОЧЕКУВААТ ПОПЛАВИ Бурата во Мексико се претвори во ураган
Ураганот Рик се движеше во правец север-северозапад со брзина од околу 11 километри на час со максимален ветер од 130 километри на час и силни налети.
Тропската бура Рик денеска се претвори во ураган во близина на мексиканскиот брег на Тихиот Океан и се очекува да зајакне во текот на денот, соопшти Националниот центар за урагани на САД (НХЦ).
Ураганот Рик се движеше во правец север-северозапад со брзина од околу 11 километри на час со максимален ветер од 130 километри на час и силни налети.
Ураганот се наоѓа на околу 335 километри јужно од градот Зихуатанехо во државата Гереро.
– Се предвидува брзо зајакнување во наредните денови, а Рик се очекува утре да стане голем ураган – се вели во соопштението на НХЦ.
Се додава дека од вечерва до вторник Рик ќе предизвика поројни дождови на крајбрежните области на сојузните држави Гереро и Мичоакан, а врнежите на места ќе достигнат и до 50 сантиметри, што најверојатно ќе предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Мексиканските власти предупредија дека обилни дождови би можеле да ја погодат јужната држава Оахака, како и неколку централни и западни региони на земјата.