ДО 13 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 245.463 граѓани Новаци со највисока излезност
До 13 часот правото на глас го оствариле 20,70 отсто од гласачите, од обработени 64,99 проценти од податоците.
Според последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, до 13 часот правото на глас го оствариле 20,70 отсто од гласачите, од обработени 64,99 проценти од податоците.
Или досега вкупно гласале 245.463 гласачи.
И со овој пресек Новаци е општина со највисока излезност, 43,70 отсто. Следуваат Кратово со 37,48%, Могила со 36,33%, Демир Хисар со 33,79%.