ДАВАЛ ПАРИ ЗА ГЛАСАЊЕ ВО ЛОЗОВО Приведен е маж на 50 години поради поткуп

Лицето е лишено од слобода поради „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, вели МВР.

491

Во 17.30 часот во сеото Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) , по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари. Лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле, информира МВР.






Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, вели МВР.

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело  – поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.
Поврзани содржини