СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПАНДЕМИЈАТА Сѐ повеќе деца во Јапонија си го одземаат животот
Според студијата на Министерството за образование, 415 ученици од основна до средношколска возраст си го одзеле животот откако пандемијата ги прекина училишните часови.
Бројот на самоубиства меѓу училишните деца во Јапонија е најголем во последните повеќе од 40 години, според Министерството за образование.
Откако пандемијата на ковид-19 во минатата година доведе до затворање на училиштата и прекин на наставата, според студијата на Министерството за образование, 415 ученици од основна до средношколска возраст си го одзеле животот, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на јапонските медиуми.
Весникот „Асахи“ наведува дека тој број е зголемен за речиси 100, во споредба со минатата година, и тој е најголем од почетокот на таквите записи во 1974 година.
Самоубиството има долга историја во Јапонија како начин да се избегне срам или губење чест, а стапката на земјата долго време беше на врвот на Групата седум најразвиени земји, но националните напори успеаја да ги намалат бројките за околу 40 проценти паѓа последователно 10 години.
Меѓутоа, во текот на 2020 година, самоубиствата повторно се зголемија, при што бројот на жени кои извршија самоубиства се зголеми како резултат на емоционалниот и финансискиот стрес предизвикан од пандемијата на коронавирусот, иако помалку мажи си го одземаа животот во тој период.
Министерството за образование објави дека рекорден број од 196.127 ученици отсуствувале од училиште 30 или повеќе дена во минатата година, а резултатите покажале дека промените во училишната и домашната средина поради пандемијата имале големо влијание врз однесувањето на децата, националниот јапонски сервис НХК објави изјави на официјален претставник на Министерството за образование.