УЧИМЕ ОД ИСКУСТВОТО НА ВЕТЕРАНИТЕ Душко Весковски ќе ги вклучи пензионерите во сите процеси
Пензионерите или ветераните во Општина Карпош се лицата со најголемо животно и професионално искуство, рече Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.
Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на секој индивидуален граѓанин во нашата општина, бидејќи секој граѓанин е важен, рече Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.
– Пензионерите или ветераните во Општина Карпош се лицата со најголемо животно и професионално искуство. Нашата цел е да го искористиме тој потенцијал и оваа целна група да ја вклучиме во сите процеси и активности во кои тие ќе имаат можност да го споделат своето искуството и да го пренесат своето знаење на помладите генерации. Во првата година од мандатот ќе овозможиме форум за редовна комуникација со цел дел од нивното искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува општината. Ќе го продолжиме спроведувањето на хуманата патрола за помош и нега во домот, а ќе дејствуваме и во олеснување на нивното секојдневие со различни активности во соработка со засегнати страни. На остварената средба со пензионерите, тие ни ја упатија следната порака: „Годините ни се голема бројка, но искуството е непроценливо богатство“ – рече Весковски.