ТЕУТА АРИФИ СЕ СЛИКА СО ДЕЦА Алијанса посочува на злоупотреба на деца во кампањата
Од Алијанса предупредуваат дека митинзите на ДУИ и отворањето штабови на оваа партија стануваат сѐ поопасни поради рафалите и истрелите, кои, што како што велат, се уште поголема опасност за децата.
Се чини дека на ДУИ не ѝ е доволно што врши притисок врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат на нивните предизборни митинзи, туку овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во кампањата, додека сериозно ги крши правата на децата, обвини денеска Алијанса за Албанците.
– Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ госпоѓа Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“ со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи која се фотографира со деца среде кампања уште повеќе нѐ потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата од Тетово, оставајќи ги без детски парк, без игралиште, без спортски активности. Таа без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата – велат од Алијанса.
Оттаму предупредуваат дека митинзите на ДУИ и отворањето штабови на оваа партија стануваат сѐ поопасни поради рафалите и истрелите, кои, како што велат, се уште поголема опасност за децата и за другите присутни како што беше во Чаир или во Желино.
– Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија да ја евидентираат оваа загриженост во нивниот извештај за предизборната кампања. Исто така ја повикуваме и Првата амбасада за деца во Македонија „Меѓаши“ да го крене гласот за кршење на правата на децата кои се злоупотребуваат во изборната кампања – додаваат од Алијанса.