ЛАПОРТА ГИ ДЕМАНТИРА МЕДИУМИТЕ Куман останува тренер на Барселона

304

Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта денеска ги демантираше наводите во локалните медиуми и рече дека Роналд Куман останува тренер на каталонскиот клуб.

– Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона – изјави Лапорта, неколку часови пред вечерашното дерби против Атлетико во Мадрид, за кој шпанските медиуми најавија дека ќе биде последен за Куман на клупата.






– Без оглед на резултатот, Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона. Тој има договор и се надеваме дека ќе нè врати на победничките патеки. Знам дека ќе даде сè од себе – додаде претседателот на Барселона.

Поврзани содржини