ФУДБАЛ ПРЕД ПОЛНИ ТРИБИНИ Шпанија ги враќа навивачите на стадион

Почетокот на новата сезона Шпанија дозволи делумно враќање на гледачите со задолжително носење заштитни маски на лицата и одржување растојание меѓу посетителите.

317

Фудбалските натпревари во Шпанија од петок повторно би требало да се играат пред 100 отсто полни трибини, објави тамошното Министерство за здравство.

Одлуката доаѓа по денешниот состанок на здравствените власти со седумнаесет автономни покраини на кој едногласно е договорено проширување на капацитетот од сегашните 60 отсто.






Шпанија во март 2020 година целосно ги затвори стадионите и спортските сали поради пандемијата на коронавирус која во земјата со 47 милиони жители зарази 4.9 милиони луѓе и однесе 86.000 животи.

Почетокот на новата сезона дозволи делумно враќање на гледачите со задолжително носење заштитни маски на лицата и одржување растојание меѓу посетителите.

Во Шпанија заклучно со денеска комплетно се вакцинирано 76.9 отсто од населението што овозможи дополнително олеснување на мерките.

Поврзани содржини