ВРЕМЕ Е ЗА НОВО МНОЗИНСТВО Алијанса и Алтернатива ја почнаа кампањата од Чаир

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците вели дека овие избори се повеќе од локални избори.

322

Со проекти за развој на општините, борба против корупцијата и криминалот и воздигнување на квалитетот на животот, коалицијата Алијанса и Алтернатива ја почна изборната камшања од Чаир.

– Доста беше 20 години режим на ДУИ, време е за промена. Овие избори мислам дека се многу повеќе од локални избори, се очекува ако се добијат повеќе општини од опозицијата, најверојтно ќе има и ново мнозинство или евентуално нови парламентарни избори можеби напролет. Ова мнозинство функционира со 62 пратеници и никако да се поправи, ако се победи во Скопје и повеќе општини од опозициските партии тоа веќе се подразбира или ново мнозинство или нови парламентарни избори- рече Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса на Албанците.

 






Поврзани содржини