КОНДОВСКИ ГО ПОСЕТИ „ПАЗАРОТ НА ФАРМЕРИ“ Битолчани ќе имаат поголеми можности да набават квалитетни и здрави земјоделски производи
Им честитам на локалните фармери и затоа што изградија надалеку препознатливи брендови на буковска пипер, мариовски мед, бистрички јаболка, македонско вино и локални млечни производи, кои денеска битолчани можеа да ги дегустираат и купат во рамките на манифестацијата, рече Христо Кондовски.
Задоволство ми беше денеска во Старата чаршија во Битола да го посетам традиционалниот „Пазар на фармери“ во организација на „Слоу Фуд Битола“. Тоа за мене беше прилика, покрај другото, да пробам масло од лешник, уште еден од многуте изложени високо квалитетни производи на локалните производители, кои со многу труд и посветеност ја одржуваат понудата на органска храна, рече бизнисменот Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од редовите на СДСМ.
– Им честитам на локалните фармери и затоа што изградија надалеку препознатливи брендови на буковска пипер, мариовски мед, бистрички јаболка, македонско вино и локални млечни производи, кои денеска битолчани можеа да ги дегустираат и купат во рамките на манифестацијата. Поддршката од локалната самоуправа е меѓу клучните основи уште повеќе да се подигнат стандардите во производството на органска храна, да се прошират капацитетите, граѓаните да имаат поголеми можности да набават квалитетни и здрави земјоделски производи, а производителите полесно да стигнат до своите купувачи – рече Кондовски.