БЕБИЊА ПО ГРЕШКА ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19 Голема истрага во Турција

Лекарот Зафер Куругауол вели дека имало случаи во кои бебињата биле погрешно вакцинирани против ковид-19, наместо со вакцини против хепатитис Б.

679

Турското Министерство за здравство почна истрага за наводите на турски лекар за погрешно администрирани вакцини против ковид-19 на бебиња во Турција, јави турската телевизија НТВ.

Проф. Д -р Зафер Куругауол од Медицинскиот факултет во Измир за телевизијата изјави дека лекарите ненамерно вакцинирале деца под една година против коронавирус. Според него, имало случаи во кои бебињата биле погрешно вакцинирани против ковид-19, наместо со вакцини против хепатитис Б.






Во исто време, Куругауол рече дека не се забележани несакани ефекти кај вакцинираните бебиња. До денеска, повеќе од 106 милиони луѓе се вакцинирани против овид-19 во Турција, 53 милиони луѓе со првата доза на вакцината.

Поврзани содржини