НОВ ДУП ВО БИТОЛА Кондовски вели дека општината игра значајна улога во економскиот раст и развој на градот

На голем број битолски стопанственици потребна им е поддршката од локалната самоуправа за проширување на производствените капацитети и нови вработувања, вели Христо Кондовски.

379

Кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, Христо Кондовски, смета дека градот може многу да им помогне на стопанствениците ако донесе нов Детален урбанистички план. За позитивен пример, тој ја дава компанијата „Жито Битола“ која успеала да се врати во живот и да стане прва во производството на брашно во земјата.

– Во Битола е сместен најголемиот производител на брашно и бели печива во земјава. Ангромаркетинг механизација, Подружница „Жито Битола“ произведува по 100 тони брашно дневно, има широк асортиман производи и врвен квалитет. Честитки за Вецко Котевски кој го врати брендот „Жито Битола” на битолчани. Нему, како и на голем број други битолски стопанственици, потребна им е поддршката од локалната самоуправа за проширување на производствените капацитети и нови вработувања. Основен предуслов за тоа е донесување на нов Детален урбанистички план за овој дел од Битола. Општината може да игра значајна улога во економскиот раст и развој на Битола – рече Кондовски.

Поврзани содржини